• петок, 05 декември 2025

Ал-Хилал му понуди на Исак 686 илјади евра неделно

Ал-Хилал му понуди на Исак 686 илјади евра неделно

Лондон, 26 јули 2025 (МИА) – Фудбалерот на Њукасл, Александар Исак, може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, објавува „The Guardian“.

Според британскиот медиум, Ал-Хилал е заинтересиран за 25-годишниот Швеѓанец, кој е подготвен да му понуди на играчот плата од 686 илјади евра неделно. 

Ливерпул е исто така заинтересиран за напаѓачот, но не може да му обезбеди таква плата на играчот.

Исак одигра 42 натпревари во сезоната 2024/25, постигнувајќи 27 гола и 6 асистенции. 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 120 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан