• сабота, 23 ноември 2024

Алушовски: Неиграњето натпревари за нас е хендикеп

Алушовски: Неиграњето натпревари за нас е хендикеп
Скопје, 2 октомври 2020 (МИА) – Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар негодува поради големиот вакуум период без натпревари на неговите избраници. Алушовски смета дека во недостаток на средби, формата им оди во надолна линија. Вардарци се подготвуваа за натпревар од Лигата на шампионите со Елверум кој не допатува во Скопје, а сега и гостувањето кај ПИК Сегед во Унгарија е одложено.
  • Последен натпревар што го игравме беше на 16 септември, сега е 2 октомври. Два мини циклуси што ги планиравме ги прекинавме кога формата на екипата требаше најмногу да биде подигната на едно ниво. Ако кажеме дека се спремаме за дуел во среда и така тренираме, во недела или понеделеник добиваме информација дека мечот е одложен. Играчите немаат мотив, бидејќи сме се спремале за еден противник, сме излегле од сите процеси на учење и усовршување, и сме подготвувале една тактика. Овие две седмици ни се промашени во делот на надградување на играта и формата. Сега на 15 октомври е прв меч со Флензбург. А тој период што е, е една зимска пауза. Треба да држиш тензија, да држиш во натпреварувачки ритам. Баравме да играме со Еурофарм Пелистер, но рекоа дека неможат бидејќи имале повредени играчи, вели Стевче Алушовски за клупската веб-страница.
Ако се беше според планот Вардар 1961 досега ќе имаше одиграно три кола во ЕХФ лигата на шампионите и ќе имаше две седмици време да се подготвува за четвртиот. Но, зад името на двојниот европски првак на актуелната табела постои дека одиграл само еден меч, она гостување во средината на септември во Брест, Белорусија. Се прават напори да се одиграат некои контролни натпревари, бидејќи само така може да се види дали формата е во нагорн алинија, да се отстранат недостатоците и пропустите.
  • Ако не играме натпревар од СЕХА лигата, се надевам дека Металург ќе ни излезе во пресрет и ќе можеме барме да одиграме некој меч. Се гледа дека формата оди во надолна линија. Флензбург играше неколку силни натпревари, екстра дуели, со силни ривалири, со висок ритам, и ние тренираме со замислен противник, и потоа не играме. Мислам дека сме многу хендикепирани. Држиме позитивна атмосфера, се трудиме да го искористием на најдобар начин, со тренирање со висок интензитет, потенцира тренерот на Вардар. зс/

Остани поврзан