• среда, 20 ноември 2024

Алушовски: Кјелце е силен, ама ние можеме да ги победиме

Алушовски: Кјелце е силен, ама ние можеме да ги победиме
Скопје, 17 ноември 2020 (МИА) – Тренерот на актуелниот македонски и европски шампион, Вардар, Стевче Алушовски, ги кажа своите очекувања за натпреварот со Кјелце во ЕХФ лигата на шампионите.
  • Не очекува тежок натпревар со лидерот во групата и според мене екипа која досега покажа најмногу. Максимално незгоден противник за кој настапуваат и поранешни ракометари на Вардар, Карачиќ и Душебаев кои знаат што значи да се игра во Скопје. Мислам дека ќе биде неизвесно, а клучот на успехот треба да биде играта на нашата одбрана. Подготвени сме за овој предизвик. Се надевам дека ќе одиграме на нивото на двата наши претходни натпревари во Скопје (Со Флензбург и со Порто) и верувам дека можеме да победиме, изјави Алушовски.
Натпреварот е закажан за в четврток (19 ноември) со почеток во 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“. По шест натпревари во А-групата, Кјелце е лидер со 9 бода, Вардар е петти со 3 бода, но има одиграно само три натпревари. зс/

Остани поврзан