• петок, 22 ноември 2024

Алтернатива: Пратеникот Скендер Реџепи треба да го врати освоениот мандат во име на партијата

Алтернатива: Пратеникот Скендер Реџепи треба да го врати освоениот мандат во име на партијата
Скопје, 15 јуни 2022 (МИА) - По вчерашното информирање од страна на пратеникот Скендер Реџепи дека отсега ќе настапува како независен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, политичката партија Алтернатива реагира преку соопштение на Фејсбук, во кое наведува дека ова е целосно негова лична одлука и нема никаква врска со каков било став што се поврзува со некој орган или структура на партијата.
- Алтернатива изразува жалење за ваквата одлука на пратеникот Реџепи и ја информира јавноста дека оваа одлука не влијае со ништо во пратеничката група на Алтернативата, ниту ќе влијае врз парламентарното мнозинство, но ниту во учеството на партијата во извршната власт. Иако индикативно е дека ова негово повлекување доаѓа токму во време кога македонската опозиција организира протест за напад на парламентарното мнозинство, ова прашање останува да го разјасни самиот тој, потенцираат од Алтернатива.
Бидејќи мандатите на пратениците од овој пратенички состав, следствено и на нашата партија, се добиени под логото и името на партијата, а не како независни кандидати, од Алтернатива посочуваат дека се надеваат оти пратеникот Скендер Реџепи - во име на политичкиот морал и обврска до партиските структури кои го направија пратеник - да го врати мандатот добиен во име на партијата. фф/ац/

Остани поврзан