• недела, 23 јуни 2024

Алпинистки од Лисец-Штип се искачија на врвот Браитхорн

Алпинистки од Лисец-Штип се искачија на врвот Браитхорн
Скопје, 10 октомври 2022 (МИА) - Друштвото на планинарски спортови Лисец - Штип, ја релизираше првата македонска женска експедиција на врвот Браитхорн на 4.164 мнв, на швајцарските Алпи. Подвигот се случи во петокот во 11:32 часот од следните членови: Вишна Шорова-Ангелова, Снежана Наковски, Бисера Димитрова, Билјана Спаскова, Кристина Сандева и Атанаска Ристова, со логистичка поддршка од: Трајче Алексов, Кирил Стојанов, Милорад Ангелов и Тоше Ристов. - Овој пат, жените беа двигател на нов тренд, кој беше силно поддржан од сите членови на ДПС Лисец. Ова е доказ дека и жените можат да остваруваат подвизи, за кои стереотипно се однесуваат на машкиот пол и само преку вакви активности може да се унапреди нивната улога во општеството! – стои во соопштението на ДПС Лисец-Штип. Со ова, ДПС Лисец стана првиот и единствен македонски клуб кој испрати женска експедиција на Алпите и на тој начин стана етаблиран планинарски клуб, кој преку ентузијазам, силна мотивација и верба во своите членови, работи на развој на овој спорт меѓу сите генерации, независно од нивниот пол, социјален или образовен статус. зс/

Остани поврзан