• петок, 12 јули 2024

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Лондон, 6 јули 2023 (МИА) - Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, подготви специјална кацига за Големата награда на Британија.

 

- Специјална кацига, посебна трка. Домашно Гран при за Астон Мартин - напиша двократниот светски шампион објавувајќи фотографии на социјалните мрежи.

Дизајнот на кацигата се однесува на „DBR4“ - првиот Формула 1 болид на Астон Мартин. Конкретно, на врвот на кацигата има стилизирана слика на воланот на автомобилот, а бројот на Фернандо е направен во соодветен стил.

 

ДБР4 се натпреваруваше во 1959 и 1960 година. По сезоната 1960, компанијата не се тркаше во Формула 1 до 2021 година. зс/

 

Фото: Фејсбук Алонсо

Остани поврзан