• вторник, 10 март 2026

Алонсо се договорил со Ливерпул

Алонсо се договорил со Ливерпул

Мадрид, 10 март 2026 (МИА) – Шпанскиот фудбалски стручњак Чаби Алонсо би можел да го преземе Ливерпул по завршувањето на тековната сезона, објави „OK Diario“.

Двете страни веќе се согласиле за можна меѓусебна соработка, а договорот би бил со важност од три години.

Назначувањето на шпанскиот менаџер ќе зависи од резултатите на тимот под водство на сегашниот тренер Арне Слот. Доколку Слот ја освои Лигата на шампионите, тој ќе ја задржи својата позиција.

Ливерпул е шести во Премиер лигата (48 бода по 29 натпревари). Тимот ќе се соочи со Галатасарај во осминафиналето на Лигата на шампионите. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан