• петок, 21 март 2025

Алонсо: Сега сум побрз отколку во 2004 година

Алонсо: Сега сум побрз отколку во 2004 година

Шангај, 20 март 2025 (МИА) - Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, кој вози за Астон Мартин, изјави дека неговата брзина зад воланот не само што е еднаква на нивото од 2004 година, туку дури и ја надминува благодарение на модерната технологија.

- Сè уште се чувствувам дека можам да се натпреварувам на исто ниво со помладите возачи. Откако го направив моето деби во 2001 година, се натпреварував на првото кинеско ГП во 2004 година. Сега, во 2025 година, сè уште сум тука - па дури и побрзо од тогаш. Новите алатки, податоци и методи на тренирање ни овозможуваат да се подобруваме дури и по децении во спортот, истакна Шпанецот во интервју за „Gpblog“.

Втората трка од шампионатот во Формула 1 оваа сезона ќе се одржи од 21 до 23 март на патеката во Шангај, Кина. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан