• петок, 22 ноември 2024

Ал-Наср му нуди богатство на Ковачиќ

Ал-Наср му нуди богатство на Ковачиќ

Ријад, 5 септември 2024 (МИА) - Американскиот ТВ кана Си-Би-Ес објави доста интересна вест, која доколку се покаже како вистинита, би била вистинска сензација.

Наводно, Си-Би-Ес има причина да тврди дека Ал-Наср сака во своите редови сака да го доведе хрватскиот репрезентативец, фудбалерот на Манчестер Сити, Матео Ковачиќ (30), за една од највисоките плати во историјата на фудбалот.

Според американскиот медиум, Ковачиќ во Ријад би заработувал повеќе од еден милион долари неделно (околу 900.000 евра). Од клубот се надеваат дека би можеле да го комплетираат трансферот во зимскиот преоден рок бидејќи го пропуштија последниот рок во летниот преоден рок кој заврши во понеделникот.

Тие веруваа во Ал-Наср дека дотогаш ќе успеат да го продадат Садио Мане, што ќе им отвори место да донесат уште еден странец.

Си-Би-Ес тврди дека Кристијано Роналдо лобира во клубот да го доведе Ковачиќ, а сигурно не би се спротивставил ниту Марсело Брозовиќ.

Доколку се оствари овој трансфер, под овие услови, Ковачиќ би заработувал околу 64 милиони долари годишно. Сега во Манчестер Сити заработува околу девет милиони евра годишно.

Така Ковачиќ би станал еден од најплатените фудбалери во светот. Поточно, според достапните податоци, тој би бил седми најплатен играч на планетата, пред Садио Мане, кој заработува околу 63 милиони.

Најплатен играч во светот е Кристијано Роналдо на кого Ал-Наср годишно му плаќа околу 300 милиони долари, а потоа следат Нејмар, Бензема... дс

Фото: Архива

Остани поврзан