• сабота, 18 мај 2024

Алкарас замена за Надал во Дејвис купот

Алкарас замена за Надал во Дејвис купот
Мадрид, 25 октомври 2021 (МИА) – Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас го замени повредениот Рафаел Надал во националниот тим за претстојните натпревари во Дејвис купот, соопшти денеска селекторот Серхи Бругера. Покрај Алкарас, во шпанската репрезентација која ќе настапи во Дејвис купот од 25 ноември до 5 декември се и Пабло Карењо Буста, Роберто Баутиста Агут, Фелисијано Лопез и Марсел Грањолерс. Шпанија ја брани титулата освоена во 2019 година. Надал во август објави дека ја завршува сезоната, бидејќи се рехабилитира од операција и болки во левото стапало. ег/ссм/

Остани поврзан