• понеделник, 23 декември 2024

Алкараз го предаде мечот против Монтеиро по само два гема

Алкараз го предаде мечот против Монтеиро по само два гема

Рио де Жанеиро, 21 февруари 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го заврши АТП 500 турнирот во Рио де Жанеиро по само два одиграни гема.

На натпреварот од првото коло со Бразилецот Тиаго Монтеиро, Алкараз во првиот гем ја повреди ногата. Шпанецот направи лекарска пауза и по тоа одигра само два натпревара, а потоа се повлече.

- Ќе го прегледам зглобот и ќе видиме дали е нешто сериозно или не. Се чувствував лошо. Ова е првиот впечаток. Чувствував болка и знаев дека ќе ми биде тешко да продолжам да играм. Не можев да се движам нормално и знаев дека ќе биде невозможно да продолжам. Мислев дека ќе биде уште полошо ако се одлучев да продолжам и ако натпреварот беше долг. Мислам дека правилно постапив што го предадов мечот, изјави Алкараз.

Во следното коло на турнирот, Монтеиро ќе се сретне со сонародникот Фелипе Мелигени Родригез Алвеш. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан