• вторник, 27 јануари 2026

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен

Мелбурн, 27 јануари 2026 (МИА) - Светскиот тенисер број 1, Карлос Алкараз, попладнево го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во четвртфиналето на Австралија опен со 7:5, 6:2 и 6:1.

Мечот траеше 2 часа и 18 минути.

Алкараз сервираше пет аса, направи три двојни грешки и реализираше седум од 16 брејк топки. 

Де Минаур, рангиран шести на АТП-листата, сервираше еден ас, немаше двојни грешки и реализираше две од седум брејк топки.

Во полуфиналето на Грен слем турнирот во Мелбурн, 22-годишниот Шпанец ќе се соочи со светскиот рекет број 3, Александар Зверев, од Германија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан