• недела, 29 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Алкалоид поуспешен од Бутел, следи историскиот меч со Рунар во Европскиот Куп на ЕХФ

Алкалоид поуспешен од Бутел, следи историскиот меч со Рунар во Европскиот Куп на ЕХФ

Скопје, 22 април 2025 (МИА) - Ракометниот клуб Алкалоид забележа нова победа во плејофот и на домашен терен славеше над РК Бутел Скопје со резултат 33:30 (16:13).

Најдобар стрелец на натпреварот бешe Мартин Серафимов со 11 гола, а го следеа Иван Џонов, Арно Бинго и Александар Петковски, тројцата дадоа по четири гола.

За „фармацевтите“ сега следи меч за историја во Европскиот Куп на ЕХФ, откако гостуваат кај РК Рунар Сандефјорд во Норвешка каде играат дуел за финале.

Дуелот се игра на 27 април од 17:00 часот. Во првото соочување во Скопје, пулените на Кирил Лазаров победија со пет гола разлика. дс

Фото: Фејсбук/РК Алкалоид

Остани поврзан