• недела, 22 декември 2024

Алкалоид државен шаховски првак и во женска конкуренција

Алкалоид државен шаховски првак и во женска конкуренција
Скопје, 1 септември 2021 (МИА) – Шаховскиот клуб Алкалоид ги обедини титулите државен шампион, откако женската екипа триумфираше на првенството одржано од 25 до 31 август во Охрид. „Фармацевтките“ првото место го освоија со максимални 14 бода и 7 победи во 7 кола. Со ова, тие го повторија успехот на машкиот тим, кој претходно стигна до победничкиот пехар на турнирот во Струга, па со „двојна круна„ го прославија 45-годишниот јубилеј од формирањето на клубот. - За успехот на Алкалоид заслужни се Моника Стојковска која играше на третата табла (освои 6,5 бода во 7 партии), како и на Габриела Коскоска на четвртата табла (5,5 поени од 6 партии). Овие две шахистки со години се дел од екипата и на најдобар начин ја покажаа во пракса поддршката на клубот кон женскиот шах во Македонија. За шампионскиот тим играа ИМ Екатерина Аталик од Турција, ИМ Ирина Булмага од Романија, а меѓу резервите се најдоа младинките Јана Анѓелкоска и Леа Ефтовска. Притоа, Јана Анѓелкоска дебитираше со победа во сениорската женска екипа во мечот против Гамбит, со што го трасираше патот за себе и другите млади шахистки кои се иднината на клубот, информираат од Алкалоид. Второто место им припадна на шахистките на „Центар“ бидејќи во последното коло нивните противници од „Кисела Вода“, третото место припадна на екипата на ГШК „Неготино“. зс/

Остани поврзан