• петок, 05 декември 2025

Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп

Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп

Скопје, 25 мај 2025 (МИА) – Ракометарите на Алкалоид вечер во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го играат најважниот натпревар во својата четиригодишна историја. Тие се домаќини на грчки АЕК во реваншот на ЕХФ Европскиот куп.

Алкалоид од Атина донесе четири голови предност (29:25) кои се надеваме ќе бидат доволни за освојување на трофејот.

Предводникот на Алкалоид, тренерот Кирил Лазаров, побара од неговите избраници да бидат смирени и да не подлегнат на психолошкиот притисок.

За остварување на целта, македонскиот претставник ќе има голема поддршка од навивачите кои експресно ги купија билетите.

Почетокот на натпреварот е закажан за 20:30 часот. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан