• недела, 22 декември 2024

Али Ахмети повикан во Специјалното обвинителство во Хаг

Али Ахмети повикан во Специјалното обвинителство во Хаг
Скопје, 22 јули 2020 (МИА) - Претседателот на ДУИ Али Ахмети потврди дека добил покана да се јави во Специјалното обвинителство за воени злосторска на Косово со седиште во Хаг. Ахмети на Фејсбук напиша дека е повикан и оти ќе оди во Хаг да сведочи како еден од основачите на ОВК. - Владеењето на правото и постигнувањето вистинска неселективна правда, домашна и меѓународна, се моја постојана цел и обврска во текот на целата моја активност. Затоа ве известувам дека Специјалното обвинителство на Косово, ме покани да сведочам како еден од основачите на ОВК и член на Генералштабот. Без двоумење ја прифатив поканата и остварив конструктивен контакт и соработка со официјални лица во Хаг. Отсекогаш сум се залагал за неселективна правда и им стојам на располагање на правосудните органи како сведок на ослободителната војна на албанскиот народ против геноцидот на српскиот режим на Милошевиќ, пишува Ахмети на ФБ. Минатата недела во Хаг, беше повикан претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој три дена даваше исказ за неговата улога во војната на Косово. Засега нема информација дали поканата за Ахмети има врска со исказот на Тачи. Освен за претседателот на Косово Хашим Тачи, Специјалното обвинителство во Хаг, покрена обвинение и за Кадри Весели, претседателот на ДПК, кој во време на воениот конфликт па се до 2008 ја вршеше функцијата директорот Инфорамативната служба на Косово. Освен овие лица, во списокот на обвинети на Специјалното обвинителство, според косовските медиуми се и други високи функционери на ОВК. фф/са/

Остани поврзан