• понеделник, 23 декември 2024

Алијанса на Албанците: Амбасадорите насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство

Алијанса на Албанците: Амбасадорите насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство

Скопје, 4 јули 2024 

Амбасадорите на нашите пријателски земји и стратешките партнери насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ.

Северна Македонија не е на друга планета, туку географски, културен, социјален и политички дел на Западот.

Жал ни е што ВМРО се враќа и со кадри и со политики во времето на Груевски. Од друга страна, драго ни е што ова вистинско и нереформирано лице на ВМРО ќе ги сензибилизира сите оние фактори кои речиси заборавија од каде доаѓаат овие луѓе.

Речникот на Вучиќ и понатаму ќе биде дел од вокабуларот на Христјан Мицковски.

Заробувањето и дисциплинирањето на судството од страна на ВМРО е стара опсесија и најостро го осудуваме секој таков обид.

Алијанса за Албанците

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан