• недела, 22 декември 2024

Алијанса за Албанците: Владата треба да запре со двојните стандарди

Алијанса за Албанците: Владата треба да запре со двојните стандарди
Скопје, 7 април 2020 Додека апелите за почитување на мерките, па дури и казните се засилени, ние јавно ја прашуваме Владата каде беше денес да ја види Струга ?! За жал Струга денес беше преполна со луѓе, чија толпа не го почитуваше физичкото растојание, стоејќи еден до друг без маски и ракавици! Ова и помага на пандемијата да продолжи со својот пат на ширење на вирусот, додека небрежноста на надлежните помага за пролонгирање на состојбата која најмногу ќе ги чини граѓаните на земјата, од кои веќе многумина ги загубија работните места. Тоа што се случи денес во Струга, се случува по втор пат во земјава. Бидејќи уште еден верски собир во Православен манастир се одржа за време на велигденскиот празник, како во првиот случај, така и во денешниот случај, се беше емитувано во живо. Иако владата првиот собир го оправда со образложение дека станува збор само за црковни лица, денес ова оправдание звучи апсурдно затоа што присуствуваа граѓани кои дојдоа едноставно да ја слушаат литургијата. Потсетуваме дека МВР реагираше многу брзо во Сингилиќ, па дури и инволвираните лица се соочуваат со казни, додека други ги извршуваат своите верски обврски без никакви пречки! Алијансата за Албанците бара да се применат истите стандарди за сите без разлика! Владата не треба да работи со двојни стандарди. Нашата држава дојде до врвот на небрежност и лошо управување со ситуацијата! Владата не смее да го занемарува отворањето на бизнисите од кои зависи економијата на земјата, а од друга страна да дозволи разни собири. Алијанса за Албанците ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан