• четврток, 26 март 2026

Алиу се сретна со амбасадорката Дрекслер: Со Германија имаме традиционално успешна соработка, посебна благодарност за поддршката во лекувањето на повредените од Кочани

Алиу се сретна со амбасадорката Дрекслер: Со Германија имаме традиционално успешна соработка, посебна благодарност за поддршката во лекувањето на повредените од Кочани

Скопје, 13 октомври 2025 (МИА) - Министерот за здравство Азир Алиу одржа работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, на која беше реафирмирана одличната соработка меѓу двете земји и континуираната поддршка на здравствениот систем, соопшти Министерството за здравство.
 
-Со Сојузна Република Германија и со амбасадорката Дрекслер имаме традиционално успешна соработка, а во оваа прилика посебно ја истакнав исклучителната поддршка за лекувањето на повредените во големата трагедија во Кочани. На заедничката средба разговаравме и за петте столба на кои ги базираме реформите во здравствениот сектор, со посебен фокус на дигитализацијата и искуствата на странските земји во овој сегмент, истакна министерот Алиу.

На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката со заеднички меморандум и формирање работни групи меѓу министерствата за здравство од двете држави, се наведува во соопштението. рп/вј/

Фото: Министерство за здравство

Остани поврзан