Алиу на средба со претставници на Светска банка: Имплементираме политики базирани на потребите на лицата со попреченост
- Министерот за здравство Азир Алиу денеска се сретна со претставници на Светска банка, на која се дискутираше за тековните и идните активности поврзани со воспоставување систем за проценка на лицата со попреченост, како дел од Проектот за администрирање на социјалното осигурување (СИАП), поддржан од Светска банка.

Скопје, 17 јули 2025 (МИА) - Министерот за здравство Азир Алиу денеска се сретна со претставници на Светска банка, на која се дискутираше за тековните и идните активности поврзани со воспоставување систем за проценка на лицата со попреченост, како дел од Проектот за администрирање на социјалното осигурување (СИАП), поддржан од Светска банка.
-Нашиот пристап како Министерство за здравство е да бидеме отворени и да имплементираме политики базирани на потребите. Заедно со сите чинители, вклучително и Светска банка посветени сме на воспоставување ефикасен, холистички и интегриран пристап во проценката на попреченоста, истакна на средбата министерот Алиу.
Од Министерството за здравство соопштија дека посебен акцент бил ставен на значењето на пилотирањето на новата национална методологија и потребата од зајакнување на институционалните капацитети и координација на терен.
Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствените политики и активности што обезбедуваат правичен пристап и поддршка за сите граѓани, а посебно на лицата со попреченост, стои во соопштението. рп/са/
Фото: Министерство за здравство