Алиу: Набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, тоа ќе се прави два пати годишно
- Листата на лекови ќе биде ревидирана два пати годишно и ќе имаме нови лекови. При крај е една од процедурите и се надевам дека набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.
Скопје, 24 септември 2025 (МИА) - Листата на лекови ќе биде ревидирана два пати годишно и ќе имаме нови лекови. При крај е една од процедурите и се надевам дека набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.
Тој посочи дека веќе има прв чекор, има нов информациски електронски модул „Систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови” и преку него ќе се знаат датумите кога ќе одржуваат состаноци членовите на Комисијата за ревидирање на позитивната листа и кога ќе има нејзино проширување. рп/вг/
Фото: МИА