• петок, 28 јуни 2024

Алисон е првиот голман во историјата на Ливерпул кој постигнал гол на официјален натпревар

Алисон е првиот голман во историјата на Ливерпул кој постигнал гол на официјален натпревар
Ливерпул, 17 мај 2021 (МИА) - Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер стана првиот голман во клупската историја кој постигнал гол на официјален натпревар. Ливерпул го совлада Вест Бромвич со 2:1 благодарение на голот на Алисон во петтата минута од судиското надополнување и ги зачува шансите за пласман во Лигата на шампионите. Овој гол Бразилецот му го посвети на својот починат татко Хозе Бекер кој почина во февруари 2021 година на 57-годишна возраст. Тој се удави во езеро во близина на неговата викендичка во јужен Бразил. зс/

Остани поврзан