• недела, 22 декември 2024

Алиоски реализира пенал за водство на полувреме

Алиоски реализира пенал за водство на полувреме
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) – По првите 45 минути на Национална арена „Тодор Проески“, македонската фудбалска репрезентација има водство над Казахстан со 1:0. Стрелец на голот е Езгијан Алиоски од пенал во 35. минута. Пеналот беше досуден по извонреден продор на Елиф Елмас врз кого гостите направија прекршок во шеснаесетникот. Тимот на селекторот Игор Ангеловски во второто полувреме покрај водство, ќе има и играч повеќе, откако во судиското надополнување од првиот дел, Серикзан Мужиков доби директен црвен картон поради груб старт. Ова е втор подготвителен натпревар за македонските фудбалери кои по девет дена ќе го имаат премиерниот настап на Европското првенство. зс/

Остани поврзан