Алиев: Енергетската безбедност на Европа е невозможна без улогата на Баку и соседна Грузија
- Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев изјави денеска дека енергетската безбедност на Европа е „невозможна“ без улогата на Баку и соседна Грузија.

Баку, 16 април 2025 (МИА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев изјави денеска дека енергетската безбедност на Европа е „невозможна“ без улогата на Баку и соседна Грузија.
На заедничката прес-конференција со грузискиот премиер Михаил Кавелашвили во Баку, Алиев посочи дека Азербејџан во моментов извезува природен гас во 12 земји, вклучително и Грузија, која служи како транзитна точка за европските пазари.
Тој додаде дека заедничките енергетски и инфраструктурни проекти меѓу Азербејџан и Грузија ја „прецртуваат транспортната и енергетската карта не само на Јужен Кавказ, туку и на целиот евроазиски регион“. рп/
Фото: ЕПА