Алжир прв противник на македонските ракометари во Президент купот
- Македоската ракометна репрезентација настапите на Светското првенство 2023 ги продолжува со мечевите за пласман од 25 - 32. место во Плоцк, во Президент купот.

Плоцк, 19 јануари 2023 (МИА) – Македоската ракометна репрезентација настапите на Светското првенство 2023 ги продолжува со мечевите за пласман од 25 - 32. место во Плоцк, во Президент купот.
Попладнево од 15:30 часот, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се соочат со Алжир во првиот натпревар од Групата-2.
Во вториот меч од оваа група од 18 часот се среќаваат Тунис и Мароко.
Во натпрерварите од Главната групна фаза играат:
Катар – Холандија (15:30 часот)
САД – Бахреин (15:30)
Египет – Белгија (18:00)
Германија – Аргентина (18:00)
Данска – Хрватска (20:30)
Норвешка – Србија (20:30). зс/