• петок, 05 декември 2025

Алексовски запрен во полуфинале на турнирот во Белгија

Алексовски запрен во полуфинале на турнирот во Белгија

Вилријк, 8 август 2025 (МИА) - Младиот македонски тенисер Марко Алековски е запрен во полуфиналето турнирот „Young Champions Cup“ што се игра во белгискиот град Вилријк. Поуспешен од него беше тенисерот од Тунис Лејт Бенасер кој оствари победа од 2-1. Првиот сет му припадна на Алексовски со 6:3 во гемови, но следните два ги доби противникот со 6:2 во гемови.

Турнирот е за играчи до 14 години, а Алексовски е дел од тимот на ИТФ Тенис Европа кој е финансиран од „Grand Slam Development Fund“.

Алексовски пред овој турнир имаше настап и на турнир во Германија, а во периодот што следи ќе настапи и на два турнира во Шпанија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан