• недела, 22 декември 2024

Александер – Арнолд: Би останал во фудбалот по завршување на кариерата

Александер – Арнолд: Би останал во фудбалот по завршување на кариерата

 

Лондон, 4 април 2024 (МИА) – Заменикот капитен на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, најави дека сака да остане ангажиран во фудбалот и по завршување на својата фудбалска кариера.

„Размислувам да останам во фудбалот. Гледам многу натпревари, ми се допаѓа. Сè уште не сум дошол до точка да ја анализирам секоја акција, но го ценам добриот фудбал. Мојот фокус во моментов е да се уверам дека можеме да го испратиме (тренерот) Јирген Клоп со успех. Се надевам дека тоа ќе се случи во Даблин, каде што се одржа финалето на Лига Европа за сезоната 2023/2024“, изјави Александар-Арнолд за Атлетик онлајн.

Арнолд, кој потекнува од младинската школа на Ливерпул, дебитираше за сениорскиот тим во 2016 година.

Во дресот на Ливерпул досега одигра над 180 натпревари и беше дел од екипата која по триесетгодишна пауза ја освоија шампионската титула во сезоната 2019/20.

Актуелниот договор на Трент со Ливерпул истекува на летото 2025 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан