Александер-Арнолд објави заминување од Ливерпул
- Одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд најави дека ќе го напушти клубот по завршување на сезоната 2024/25.
Ливерпул, 5 мај 2025 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд најави дека ќе го напушти клубот по завршување на сезоната 2024/25.
Договорот на 26-годишниот Англичанец со Ливерпул истекува на 30 јуни 2025 година.
- Ова е најтешката одлука што некогаш сум ја донел. Ливерпул е клубот на мојот живот, мојот свет веќе 20 години. Љубовта и поддршката што ги чувствував уште од фудбалската школа на клубот ќе останат со мене засекогаш. Засекогаш ќе бидам во ваш долг, рече дефанзивецот во видеото објавено на социјалните мрежи.
Александар-Арнолд е производ на младинскиот систем на „Мерсисајдерс“ и е во системот на клубот од 2004 година. За Ливерпул одигра 352 натпревари, постигнувајќи 23 гола и 92 асистенции. Како дел од клубот, бранителот двапати стана англиски шампион, победник на Лигата на шампионите, победник на Купот и Суперкупот на Англија, двапати на Лига купот, а исто така го освои и Светското клупско првенство.
Претходно новинарот Дејвид Орнштајн изјави дека фудбалерот оваа недела ќе потпише договор со Реал Мадрид. зс/
Фото: ЕПА