Алегри ќе седне на клупата на Милан?
- Милан е во очајна форма. Тие се без победа на четири меча во Серија „А“ (три порази и едно реми), а местото на клупата на тренерот Серхио Консеисао веќе се доведува во прашање.

Милано, 8 март 2025 (МИА) - Милан е во очајна форма. Тие се без победа на четири меча во Серија „А“ (три порази и едно реми), а местото на клупата на тренерот Серхио Консеисао веќе се доведува во прашање.
Според италијанските медиуми, доколку Лече не биде победен во вечерва, Португалецот би можел да стане поранешен, бидејќи учеството на „росонерите“ во Европа би било сериозно доведено во прашање.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Милан има сериозен план да го донесе Масимилијано Алгери на клупата. Познатиот стручњак е без работа откако го напушти Јувентус.
Како кандидати се споменуваат и Роберто Де Зерби и Сеск Фабрегас. дс
Фото: Архива