Албански државјанин задржан во полиција во Тетово поради поседување пиштол без дозвола
- Полицијата во Тетово вчера го лиши од слобода 32-годишниот Е.К. од Република Албанија, кој престојувал во Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки“ со празна рамка и 11 куршуми.
Скопје, 14 јули 2025 (МИА) - Полицијата во Тетово вчера го лиши од слобода 32-годишниот Е.К. од Република Албанија, кој престојувал во Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки“ со празна рамка и 11 куршуми.
Како што соопшти МВР, за пронајденото оружје и муниција, албанскиот државјанин не поседувал никакви документи и бил задржан во полициска станица.
Од полицијата информираат дека по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.бк/са/