• недела, 22 декември 2024

Албански државјанин приведен поради илегален премин на границата кај Дебар

Албански државјанин приведен поради илегален премин на границата кај Дебар

Дебар, 7 септември 2024 (МИА) - Албански државјанин вчера е приведен поради обид илегално да ја помине  македонската - албанската граница кај Дебар.

- Вчера во 11:40 часот  полициски службеници од полициската станица за граничен премин „Блато“, кај месноста „Клобочишки пат - Табла“ во близина на Дебар, го приведоа Б.Х. (24) од Пешкопеја-Република Албанија.  Тој бил затекнат при обид за илегален премин на македонско-албанската државна граница, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додава дека  против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ова е прв случај на обид за илегално минување на границата по еден подолг период.

Најчесто определената мерка, која им се изрекува е протерување до граничниот премин "Блато" и предавање на албанската полиција. вт/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан