Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани во посета на Македонија
- Хасани и Муцунски ќе имаат тет-а-тет средба, а ќе присуствуваат и на отворањето на Генералниот конзулат во Струга.
Скопје, 8 јули 2025 (МИА) - Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани денеска ќе престојува во посета на Македонија. Домаќин му е министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, а, како што е најавено, посетата ќе се реализира во Охрид и Струга.
Пристигнувањето и пречекот се предвидени за рано утрово во вила „Охрид“, по што е закажана тет-а-тет средба меѓу министрите Муцунски и Хасани. Двете делегации потоа ќе имаат и работен појадок.
Двајцата министри ќе присуствуваат на церемонијата за свечено отворање на Генералниот конзулат во Струга. мч/са/
фото: МИА