• сабота, 21 декември 2024

Албанската полиција уапси измамник кој за 215.000 евра ветил бугарски пасош и акции во турска компанија

Албанската полиција уапси измамник кој за 215.000 евра ветил бугарски пасош и акции во турска компанија

Тирана, 11 февруари 2024 (МИА) – Албанската полиција во Тирана уапси вработен во банка поради што пред осум месец зел 215.000 евра со ветување дека на оштетениот ќе му извади бугарски пасош и ќе му купи акции во фирма во Турција, објави весникот „Македониум“.

Полицијата од измамникот одзела 108.000 евра.

Албанската полиција изминатите месеци уапси повеќе лица кои земала по десетици илјади евра за бугарски пасош за албанските граѓани.

Во декември минатата година полицијата уапси тројца вработени во општина Булќиза кои издавале лажни потврди за бугарски потекло за високи износи на пари. вт/ми/

фото: албанска полиција

Остани поврзан