• петок, 22 ноември 2024

Албанската полиција заплени 250 килограми хашиш кои требало да бидат прошверцувани во Црна Гора

Албанската полиција заплени 250 килограми хашиш кои требало да бидат прошверцувани во Црна Гора
Тирана, 13 март 2021 (МИА) – На граничниот премин Хан Хоти – Муриќан, на албанско – црногорската граница, приведен е возач на камион со црногорски сообраќајни ознаки откако при контрола на возилото е откриена голема количина дрога. -Камионот не запрел на царина туку на терминал и по контролата откриени биле 250 килограм хашиш. Се дознава дека дрогата била откриена со скенер, наведува Топ чанел. Според телевизијата возилото по влезот на албанска територија, продолжило до градот Фиер, каде било натоварено со овошје и зеленчук, кои требало да ги транспортира во Црна Гора. Истрагата треба да утврди дали возилото запрело некаде по пат и каде е натоварена дрогата. По еден подолг период ова е поголема количина на дрога запленета од страна албанската полиција на нејзина територија. Затоа пак поголеми количини марихуана и хашиш, произведени во Албанија, се запленети во други земји, меѓу кои и во Северна Македонија. вт/

Остани поврзан