• петок, 22 ноември 2024

Албанија се подготвува за 30 илјади Сиријци, планира отворање 6 прифатни центри

Албанија се подготвува за 30 илјади Сиријци, планира отворање 6 прифатни центри
Тирана, 4 март 2020 (МИА) - Албанија се подготвува на најдобар начин да се справи со евентуален бран мигранти од Сирија,јави телевизијата Топ чанел. Според медиумот, четири институции во земјата дискутираат за преземање на одговорноста во таква ситуација, а се планира отворање шест прифатни центри во јужниот дел на земјата што граничат со Грција. Како што потврдуваат безбедносни извори за Топ чанел, службите за вонредни сосотојби, државната полиција, министерствата за здравство и за одбрана ги распределуваат обврските доколку Албанија се соочи со приливот на сириските бегалци кои доаѓаат од Грција. Прифатни центри најверојатно ќе има во Елбасан, Ѓирокастро, Корча и во Лежа. „Според проценките на безбедосните структури капацитетот во шесте центри ќе биде околу 30.000 мигранти. Се планира најпрво мигрантите да бидат првремено сместувани во објекти на граничните премини Какавија, Капштица, Рипс, Ќаф бота и Три моста,со други зборови, на сите гранични премини што ја поврзуваат Албанија со Грција, наведува Топ чанел. Според истиот извор вој план на мерки што се дискутира вклучува и ангажирање на лекари и логистика од другите институции.вт/

Остани поврзан