• четврток, 26 март 2026

Албанија привремено ги укина визите за државјани на пет земји за туристички цели

Албанија привремено ги укина визите за државјани на пет земји за туристички цели

Тирана, 9 април 2025 (МИА) - Албанската Влада денеска донесе одлук, со која привремено ги укинува визите за државјани на пет земји, кои ќе ја посетат Албанија за туристички цели.

Според владината одлука, државјани на земјите кои ќе влезат во Албанија без визи се оние од Саудиска Арабија, Катар, Оман, Тајланд и Индонезија.

Овие граѓани во Албанија ќе влегуваат со патна исправа, но без виза за туристички цели на ограничен период, од 15 април до 31 декември 2025 година.

За спроведување на оваа одлука надлежни се Министерството за Европа и надворешни работи и Министерството за внатрешни работи, а стапува во сила со објавувањето во „Службен весник“. вт/ми/

Остани поврзан