• сабота, 10 август 2024

Албанија: Дипломатските претставници во странство со мандат од 4 наместо како до сега од 3 години

Албанија: Дипломатските претставници во странство со мандат од 4 наместо како до сега од 3 години

Тирана, 10 август 2024 (МИА) - Министерството за Европа и надворешни работи ги стави на јавна расправа измените на  законот за дипломатска служба на  Република Албанија.

Една од измените предвидени во новиот закон за дипломатска служба е мандатот на амбасадор и конзул, кој наместо  3, се предлага да трае 4 години. 

Исто така со измените амбасадор и конзул на дипломатската мисија не може да биде назначен повеќе од два последователни мандати.

-Јавната расправа ќе трае до 30 овој месец а целта на законските измени е регулирање на дејноста на надворешната служба на Република Албанија. Подготовката на предлог измените дојде како неопходност за уредување на некои проблеми со кои се соочува примената на актуелниот закон,  чие регулирање ќе служи за современа служба,  која треба да одговори на задачите поставени со Уставот и со владините програми, стои во образложението. вт/

 

Остани поврзан