• сабота, 21 декември 2024

Алардајс бара масовен бојкот на социјалните мрежи во борба против расизмот 

Алардајс бара масовен бојкот на социјалните мрежи во борба против расизмот 
  Лондон, 9 април 2021 (МИА) – Тренерот на премиерлигашот Вест Бромвич Албион, Сем Алардајс, предложи масовен бојкот на социјалните мрежи поради зачестените објави со расистичка содржина. Алардајс оцени дека масовен бојкот на социјалните мрежи од страна на сите врвни професионални клубови во Англија ќе направи разлика во борбата против расизмот. - Би сакал фудбалските клубови да прават заеднички чекори. Според мене, тоа би бил единствениот начин што би можел да направи разлика, рече Алардајс. Наговорите коментари доаѓаат откако шкотскиот првак Глазгов Ренџерс и англискиот второлигаш Свонси најавија дека ќе ги бојкотираат социјалните мрежи во период од една недела откако неколку играчи од двата тима беа цел на расистички коментари. Поранешниот француски фудбалски репрезентативец и член на Арсенал, Тјери Анри, минатиот месец ги затвори своите општествени профили реагирајќи дека компаниите што стојат зад социјалните мрежи не прават доволно за да спречат расистичко однесување кое редовно за цел ги има фудбалерите со темна боја на кожата.ег/

Остани поврзан