• понеделник, 23 декември 2024

Акција „Здив за иднината - ден за пошумување“ во тетовско Желино

Акција „Здив за иднината - ден за пошумување“ во тетовско Желино

Тетово, 11 ноември 2020 (МИА) - Во тетовско Желино се посадија 250 садници покрај реката Вардар по иницијатива на амбасадата на Турција во Северна Македонија.  Акцијата е во  рамки на проектот наречен „Здив за иднината-ден за пошумување“ кој Турција покрај на своја територија го иницира во повеќе земји од Балканот, Африка и Азија.

- Под покровителство на претседателот на Турција „Здив за иднината-ден за пошумување“ истовремено се реализира и во пријателска Северна Македонија. Благодарение на оваа иницијатива која е со цел на идните генерации да им оставиме зелена природа и чиста околина, минатата година во Турција беа засадени 13,5 милиони садници со цел сензибилизација во насока на одржливо управување на животната средина. Во 2020 и во низа странски држави го реализираме овој проект. Верувам дека преку садниците пред отоманскиот мост кој ги спојува двете страни на Вардар дека ќе придонесеме за секој здив кој го дишеме. Секоја садница не потсетува дека иднината е возможна со чување на околината, изјави амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизќок.

Симболично во акцијата за заасадување на ново дрво учествуваа и министерот за земјоделство Арјанит Хоџа и градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу.

- Давам личен придонес во денешната акција за засадување на садници која ја организиравме заедно со Амбасадата на Турција во Македонија и турската Агенција за соработка и координација ТИКА. Денеска преку овој настан симболично го одбележуваме 11 ноември денот на пошумување во Турција кој се одбележува под мотото Здивот на иднината. Северна Македонија и Турција имаат одлична долгогодишна соработка во сите области меѓу кои и во областа на шумарството.  Покрај историскиот отомански мост на реката Вардар кој датира од 16 век засадивме садници со што уште еднаш ќе го промовираме пријателството помеѓу нашите две држави и ќе дадеме мал придонес кон унапредувањето на животната средина. Просторот кој се пошумува денес ќе биде доуреден од страна на општината и ќе биде место за рекреација, рече министерот Хоџа.

Блерим Сејдиу изрази благодарност што е избрана Желино како локација за засадување на садниците, потсетувајќи дека камениот мост на реката Вардар е изграден токму во османлискиот периодот од 1536 до 1539 година.ас/фф/

Остани поврзан