• петок, 22 ноември 2024

Акција на „Комунална хигиена“ за генерално чистење на скопските булевари

Акција на „Комунална хигиена“ за генерално чистење на скопските булевари

Скопје, 2 септември 2023 (МИА) - Eкипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје започнаа викенд-акција за генерално чистење на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“ во општина Карпош, како и на булеварите „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Кочо Рацин“, во општините Центар и Аеродром, информираат денеска од претпријатието.

- Во рамки на акцијата, се реализира машинско и рачно метење, како и корнење на зеленилото со тример. Воедно, ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на денешниот ден спроведе рачно миење на плоштадот „Филип Втори“, како и на целокупниот простор под „Камениот мост“, велат од „Комунална хигиена“.

Реализирани се и активности за чистење и рачно метење на мостот „Беласица“. бд/бак/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Остани поврзан