• петок, 28 јуни 2024

Акција за собирање кабаст отпад во Скопје

Акција за собирање кабаст отпад во Скопје
Скопје, 18 мај 2021 (МИА) -  Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје од денеска до сабота ќе спроведува акција за собирање кабаст отпад во сите скопски општини. Претпријатието, во рамки на акцијата, ќе постави специјални садови во кои граѓаните ќе можат да го одложат стариот мебел и отпадот од електричната и електронската опрема. Контејнерите наменети за одлагање кабаст отпад, ќе бидат поставени на следните локации: Во Општина Бутел: Скопје Север - кај Стокомак, Бутел 2 - на платото кај џамијата, меѓу првиот и вториот влез во Радишани, спроти црквата „Св.Јован“, кај трансформаторот во Бутел 1. Во Општина Аеродром: на бул. „АСНОМ“ бр. 68, на ул. „Коста Новаковиќ“ бр.48 (23ти Октомври бр.29), на бул. „Видoe Смилевски - Бато“ бр. 19, на бул. „АСНОМ“ бр.5 (кај „Рамстор“). Во Општина Чаир, на крстосницата меѓу булеварот „Цветан Димов“ и улицата „Коста Абрашевиќ“, на улицата „Ферид Мурад“, до Средното училиште „Цветан Димов“, кај Топлана Север, на улица „Крсте Асенов“ бр. 5, кај контејнерите (до чајџилница „Пајтон“), на крстосницата меѓу улицата „Дижонска“ и улицата „Втора македонска бригада“ ( кај контејнерите). Во Општина Kaрпош: во Тафталиџе 2, на улица „Женевска“ (автобуска постојка на последна 24-ка), Козле, кај ресторанот „Македонска куќа“, Долно Нерези, на улицата „Ванчо Мицков“, Влае 2, зад Порта Влае, кај контејнерите на ЈПКХС, во близина на автобуската постојка. Во Општина Шуто Оризари: на автобуска постојка на последна 19-ка, спроти затворот, кај „Жуто Лукс“ и на паркингот зад Општина Шуто Оризари. Во Општина Ѓорче Петров: во Ѓорче 2, во Хром, стара полициска станица и Месна заедница Геге. Во Општина Гази Баба:  Ченто, улица „Маџари“, спроти ресторан „Dalia“, Автокоманда, улица „Лазар Поп Трајков“, кај месната заедница, Алија Авдовиќ, улица „Методија Андонов - Ченто“, кај месната заедница, Триангла, улица „Благоја Стефковски“, кај КАМ маркет. Во Општина Кисела Вода: во УЗ населба Драчево, улица „Бранко Заревски“ бр.17, Парк на бранители, УЗ Кисела Вода, ул. „Христо Татарчев“ (главна) спроти ЈДГ „Осми Март“, УЗ Цветан Димов, ул. „Георги Димитров“ (заден влез на СГУ „Васил Антевски - Дрен“), УЗ Црниче, ул.„Наум Охридски“ бб (пред УЗ Црниче). Во Општина Центар: паркинг на ЈП ПОЦ спроти Веро Џамбо, ул. „Питу Гули“, кај „Тинекс“ (населба Водно), влезот на ООУ „Ј.Х.Песталоци“, Дебар Маало, кај кружниот тек. Во Општина Сарај: кај претоварната станица на ЈПКХС и локација на старата општина Сарај. мд/бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан