• понеделник, 23 декември 2024

Акција за пошумување со 7.700 садници во Светиниколско од „Халкбанк“

Акција за пошумување со 7.700 садници во Светиниколско од „Халкбанк“
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) - Вработените од „Халкбанк“ и Јавното претпријатие „Национални шуми“ заедно со група ученици од Гимназијата „Kочо Рацин“ во Свети Николе вчера ја почнаа акцијата за пошумување со нови 7.700 садници. Овие дрвца се обезбедени од средствата наменети за HalkEco пошумување од страна на „Халкбанк“, но и од собраните котизации од велосипедската трка Halk Velo Green која се оддржа на 8 септември во Маврово. Ова е втора акција на пошумување во Светиниколско од страна на „Халкбанк“. На ова поле преку акциите на HalkEco за една година засадени сe вкупно над 15.000 садници. -Нашата банка со особено внимание, труд и задоволство се вклучува во општествено одговорни практики кои имаат за цел да го подобрат заедничкиот живот во нашата средина. Но, за да постигнеме подобри и повидливи резултати, нашиот фокус го ставаме на две важни полиња на делување. Тоа се заштитата и унапредувањето на животната средина преку HalkEco, но и кревањето на свеста за екологијата, инклузијата, литературата и финансиската писменост кај дечињтата преку платформата на „Халки“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор за корпоративни и маркетинг комуникации во „Халкбанк“. Банката пред две години ја покрена зелената HalkEco - платформа која ги поттикнува и луѓето да практикуваат здрав животен стил и со своите физички активности да придонесат за засадување нови дрвја од страна на „Халкбанк“. Од стартот на платформата досега „Халкбанк“ има донирано над 33.000 садници. Преку HalkEco, освен зазаленување на јавни површини, се реализираа и низа други активности како реконструкција на 19 мостови во Градскиот Парк во Скопје, поставување еко автобуска постојка во скопската населба Аеродром, реконструкција на пешачкиот мост и донација на корпи во Крушево, уредување на Халк Корнер во ТЦ „Лептокарија“, уредување на Халк Корнер во Гостивар, донирање на ХалкЕко инклузивно игралиште во основно училиште, ХалкЕко Скопје трча, но и две големи ХалкВелоГрин трки во Маврово. мд/са/

Остани поврзан