• понеделник, 25 ноември 2024

Акциска контрола на подрачјето на Битола, прекршоци за проституција и за пријавување на живеалиште

Акциска контрола на подрачјето на Битола, прекршоци за проституција и за пријавување на живеалиште

Скопје, 17 септември 2023 (МИА) - Констатирани се прекршоци за проституција и за пријавување живеалиште и престојувалиште при вчерашната акциска контрола спроведена на подрачјето на Битола  од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

-На 16.09.2023 во времето од 20.00 до 24.00 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола спроведена е акциска контрола на подрачјето на Битола, при што е констатирано дека Н.Џ.(50) од Битола сторила прекршок „оддавање на проституција“ казнив по чл.19 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, а при контрола во два хотели во битолско констатирани се два прекршоци по чл.15 од законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, велат од МВР.

Оттаму информираат дека по документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. сх/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан