• петок, 22 ноември 2024

Акциска контрола во Битола, одземено злато без соодветен жиг

Акциска контрола во Битола, одземено злато без соодветен жиг
Скопје, 3 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола во координација со Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, како и Секторот за економски криминал и корупција при МВР вчера во периодот од 11.30 до 15.00 часот, спроведоа акциска контрола врз 14 правни субјекти кои се занимаваат со продажба, откуп и изработка на златен накит на подрачје на Битола. При контролата, информираа денеска од МВР, од страна на УЈП се констатирани неправилности во однос на обврските кои произлегуваат од Закон за готовински плаќања. - Од страна на Државниот пазарен инспекторат се пронајдени и одземени 240 грама злато и златен накит без соодветен жиг од вкупно четири правни субјекти, се наведува во соопштението од МВР. По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. цр/са/

Остани поврзан