• сабота, 18 мај 2024

Активности на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во пресрет на празникот Рамазан Бајрам

Активности на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во пресрет на празникот Рамазан Бајрам

Скопје, 9 април 2024 

Во пресрет на најголемиот муслимански верски празник - Рамазан Бајрам,
ЈП Комунална хигиена-Скопје започна активности за рачно и машинско миење
на дворовите и околината на поголемите исламски верски храмови на
територијата на градот Скопје.
Со употреба на три автоцистерни, беше извршено миење на дворовите на
џамиите Мурат Паша и Мустафа Паша во Старата скопска чаршија, Јахја паша
во Чаир, џамиите Хаџи Азем и Амди Бајрам во Шуто Оризари, џамијата Фетах
Ефенди во Бутел, џамијата Хусеин Шах во Сарај и др.
Воедно, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведуваат активности
за рачно и машинско миење на главните и споредните улици во општините
Чаир, Шуто Оризари, Бутел, Гази Баба и Сарај, каде што деновиве се
очекува зголемена фреквенција на граѓани по повод одбележувањето на
празникот Рамазан Бајрам.

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје 

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје 

Остани поврзан