Активности на Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје во општина Карпош
- Во текот на изминатите два дена, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје вршеше надзор на повеќе локации во скопската општина Карпош, каде што е забележана појава на континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Скопје, 5 април 2023 (МИА) - Во текот на изминатите два дена, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје вршеше надзор на повеќе локации во скопската општина Карпош, каде што е забележана појава на континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.
Активностите, како што информираат од ЈП Комунална хигиена-Скопје, се одвивале на улицата „Московска“, во реонот на пазарот Тафталиџе и студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираат дека на терен биле реализирани и едукативни разговори со граѓани и претставници на правни субјекти, на тема – правилно одлагање на отпадот.
Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на март изготвила 82 едукативно-информативни записници кои им се врачени на лица што се затекнати при неправилно одлагање градежен, кабаст и отпад од пакување. дма/лв/
Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје