• четврток, 26 март 2026

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор

Скопје, 9 јули 2025 (МИА) - Центарот за управување со кризи утринава информира дека заклучно до седум часот на територија на цела држава активни се седум пожари, а два се локализирани. Според информациите на ЦУК, имало вкупно 31 пожар на отворен простор од кои 22 се изгаснати. 

Активни остануваат пожарите кај селото Самоков и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин во општина Македонски Брод, потоа меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, кај селото Љубанци во општина Бутел, кај селото Николич во општина Дојран, како и пожарите под Солунска глава меѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка и селото Крушевица во општина Кавадарци. 

Локализирани се пожарите кај селото Рамне во општина Македонски Брод и кај Градската депонија во општина Делчево. бак/вг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан