• недела, 22 декември 2024

Активисти во ОАЕ осудени на доживотен затвор

Активисти во ОАЕ осудени на доживотен затвор

Дубаи, 10 јули 2024 (МИА) - Повеќе од десетина лица денеска беа осудени на доживотен затвор на групно судење во Обединетите Арапски Емирати, кое беше остро критикувано од странство, објавија тамошните активисти.

Исходот од судењето на неистомислениците се уште не е официјално објавен, но според активистите се очекува денеска во текот на денот.

Меѓународната организација за човекови права Хјуман рајтс воч (ХРВ) соопшти дека најмалку 40 од над 80 обвинети се осудени на доживотен затвор. Четворица добија пократки затворски казни.

„Десетици најпосветени бранители на човековите права и членови на граѓанското општество во ОАЕ поминаа низ бесрамно нефер судење исполнето со прекршување на прописите за време на процесот и обвиненија за малтретирање“, рече истражувачката на ХРВ, Џои Ши.

Казните беа критикувани и од Амнести Интернешнл и од Центарот за застапување притвореници во Емиратите, група предводена од Емират кој живее во егзил во Истанбул. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан