• петок, 05 декември 2025

Активен пожарот на гостиварското село Дебреше

Активен пожарот на гостиварското село Дебреше

Скопје, 6 август 2025 (МИА) - Активен е пожарот кај селото Дебреше, гостиварско каде гори ниска вегетација, информира попладнево Центарот за управување со кризи. 

Според информациите на ЦУК, на територија на државата имало уште еден пожар на отворен простор, но тој е изгаснат. Станува збор за пожарот кај Циглана во општина Куманово каде била опожарена ниска вегетација. бак/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан