• петок, 05 декември 2025

Активен пожарот во Мгленце, општина Старо Нагоричане

Активен пожарот во Мгленце, општина Старо Нагоричане

Куманово, 30 август 2025 (МИА) - Пожарот во атарот на село Мгленце, општина Старо Нагоричане сè уште е активен, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во моментов на терен се девет пожарникари со две возила и двајца вработени од општината Старо Нагоричане кои интервенират на опожарена сува трева и шума.

Пожарникарите и вчера интервенирале на пожарот кој избунач во попладневните часови во 17:25 со две возила и шестмина пожарникари.

-Пожарот е сè уште активен во граничната линија со Србија во должина од околу два до три километри. Тешко се гаси, бидејќи е на непристапен терен, информирани се и ЈП „Национални шуми“, известија од РЦУК Куманово.

Вчера, кумановските пожарникари интервенирале во липковското село Матејче после 13:45, првин до 16 часот, подоцна продолжиле до 19:45. Иста екипа интервенирала и во село Отља каде горела сува трева и ниска шума.

-ЈП „Македонски шуми“ интервенирале од 18:00 часот со тројца вработени во село Отља. Пожарот е изгаснат во 19:20 часот, информираа од РЦУК.

Кумановските пожарникари гаселе пожар и во Романовце, Черкези и имале интервенција на опожарен автомобил. ам/

Фото: ТППЕ Старо Нагоричане

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан